Фудбал

СЕ ЧЕКАА 22 КОЛА ЗА ДА ЗАГУБАТ!

Дојде и тој ден, кога и Вардар загуби во Третата фудбалска лига – Југ. Неготинците во 22. коло со 3:2 загубија од Питу Гули во Крушево. Стрелци: Ѓорѓи Стрезовски во 13 и 83., Јани Пажиќ во 18. минута од пенал за Питу Гули, а Кирил Неделков во 64., Петар Најдов во 90. минута од пенал за Вардар.  И покрај првиот пораз, на неготинскиот тим не му е загрозено првото место, со оглед на, се уште, големата разлика од пет бода со вториот Превалец.

РЕЗУЛТАТИ: Питу Гули – Вардар 3:2, Превалец – Бучин 6:0, Росоман – Слога 2:0, Марена – Динамо 5:1, Обршани – Возарци 8:2, Младост – Големо Коњари 4:2.

ТАБЕЛА: Вардар 53, Превалец 48, Росоман 40, Питу Гули 39, Ново Црнилиште 34, Големо Коњари 30, Динамо 28, Марена и Слога по 26, Младост 19, Бучин и Обршани по 15, Возарци 6.

СЛЕДНО 23. КОЛО (недела, 5 јуни, 17,30 ч.): Ново Црнилиште – Питу Гули, Големо Коњари – Обршани, Возарци – Марена, Динамо – Росоман, Слога – Превалец, Бучин – Вардар.

Од категоријата

ПРИЛЕП СЕ ЗБОГУВА СО ЛЕГЕНДАРНАТА „ОСУМКА“!

Зоран Иге

БИЗНИСМЕН ВО ПОБЕДА?

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ПРЕД ТРИ ГОДИНИ НА ИСТА, В САБОТА НА СПРОТИВНА СТРАНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе