Фудбал

КОЈ ДРЕС ЌЕ ГО ОДБЕРЕ МОМЧЕТО ШТО ИМА ДАДЕНО 100 ГОЛА?

Клубот Победа во последно време се потпира на фудбалерите од својата школа, што има позитивна страна – младите добиваат шанса и фудбалските љубители се запознаваат со нивните квалитети. Едно од имињата кои во последно време се присутни во јавноста е високиот Салим Арифи, не само одличен ученик среношколец, туку и одличен фудбалер, голем талент за нападот, голгетер што има иднина. Според неговото фудбалско досие, од почетокот па досега член е само на еден клуб – Победа, за која во сите категории – пионери, кадети, младинци и сениори, имал постигнато над 100 гола, според негова евиденција. Претстои не само одмор, ами и одлука во однос на преодниот рок – кој клуб ќе го одбере за настап напролет, со оглед на понудите од повеќе клуба – домашни и од странство, а тоа е и очекувано ако се знае дека има потпишано договор со менаџерска агенција од Белгија. Во чиј дрес напролет?

Одговорот може да стигне и пред почетокот на преодниот рок, пред 15 јануари.

Од категоријата

(фото, видео, состави) ПРИЛЕП: ДЕТОНИТ ПАДНА ПО УДАРИ СО ГЛАВА И ВОЛЕЈ!

Зоран Иге

УШТЕ ЕДЕН СТРУМИЧКО-ПРИЛЕПСКИ ДУЕЛ ДЕНЕСКА!

Зоран Иге

(фото) И ДЕВОЈКИТЕ СО ОТПОР НА МАШКИОТ ТУРНИР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе