Фудбал

ТРИ-ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА ПРВО МЕСТО!

Во есенскиот дел од Третата лига – Југ првото место, на големо изненадување, го освои Големо Коњари. Изненадување, со оглед на тоа што е два бода над велешките Борец и Превалец. Може ли до крајот да се задржи првото место, за влез во Втората лига?

– Се бориме  со ривали од место кое речиси 70 пати е поголемо од нашето, имајќи предвид дека Големо Коњари има 600, а Велес 40 илјади жители. Ни приближно немаме финансиска моќ. Претстои голема борба. Во преодниот рок планираме нови играчи – во шпицот, средниот ред и во одбраната, а ни треба и голман, со оглед на црвениот картон што го има Далибор Рајевиќ и возраста на Дарко Трајкоски – вели Тони Даноски, клупскиот претседател.

Тренерот Горан Касниоски со тренинзи започнува во февруари, на игралиштето во Големо Коњари и, ако се лоши временските услови, во спортските сали во Прилеп.

Од категоријата

ПАК МЕЧ ЗА 5000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НОВО ИМЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПРИЛЕП: ДВА МАЈСТОРСКИ ГОЛА ЗА РЕМИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе