Денеска е фудбалскиот турнир, меморијалот „Вуко Каров и тиквешки легенди“ во Кавадарци. Екипата на прволигашот Победа, претходниот победник, ги има првите натпревари. Прво, во 13,45 часот се среќава со домашниот прволигаш Тиквеш, потоа со битолскиот второлигаш Пелистер. На крајот е мечот на Тиквеш со Пелистер. Се игра по Италијански систем, по едно полувреме.
На турнирот има награди за најдобрата екипа, за најдобар играч и најдобриот голман.