Фудбал

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕ ВЕРУВААТ НО ВИСТИНА Е: ПОБЕДА ТРИУМФИРА ВО КРАТОВО!

Изненадување на 10. коло од фудбалската Прва лига на Македонија. Во Кратово, Силекс – Победа 0:3. Стрелци: Филип Стомнароски 45, Анатолиј Петејчук 90+1, Игор Паноски 90+4. Она што одамна го навестуваше тренерот на прилепскиот тим, Бобан Бабунски, се остварува. Тој беше еден од ретките што веруваше во тоа дека тимот е во нагорна линија и само треба да се издржи. Клупското раководство очигледно издржа и го поддржа. Не е мала работа екипата која досега освои само 4 бода да го победи на гости фаворитот кој има 15 бода. Тие што не го следеле мечот, а слушнале за резутатот, не им се верува па проверуваат по портали или се јавуваат на роднини, пријатели.СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (56. Цветаноски), Љамалари, Маневски, Петкоски (73. Николиќ), Серафимовски, Стојчевски (56. Масевски), Анѓелески (73. Алији), Петровиќ, Ристовски. Тренер: Горазд Михајлов.

ПОБЕДА: Тофилоски – Бошески, Паноски, Стомнароски, Хани – Рамани, Мазари, Дадет  – М. Наумоски (66. Делов), Тодоров (86. Аризанкоски), Џејмс (77. Петејчук). Тренер: Бобан Бабунски. Црвен картон: Марио Наумоски во 90+5.

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Тиквеш – Македонија ЃП 4:0, Академија Пандев – Шкупи 0:1, Шкендија – Брегалница 0:0, Скопје – Работнички 0:0.

ИДНО 11. КОЛО (15 октомври во 14 ч.): Победа – Академија Пандев, Македонија ЃП – Скопје, Шкупи – Струга, Брегалница – Силекс, Работнички – Шкендија.

Од категоријата

ПИТУ ГУЛИ ГО ДОБИ ДЕРБИТО, РАДОСТ ВО 87. МИНУТА ВО ОБРШАНИ!

Зоран Иге

СРБИН ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ПОБЕДА ПО ДОЛГИ ОСУМ ГОДИНИ ГО ЧЕКА ТЕТЕКС ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе