За фудбалските вљубеници од Прилеп потсетување на редоследот на трите натпревара во серија што прволигашот Победа ги игра на домашен терен, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Веќе утре (сабота) во 14 часот е мечот од 11. рунда на Првата лига Победа – Академија Пандев. Потоа, в среда, 19 октомври, натпреварот од Купот, Победа – Македонија ЃП. Седум дена подоцна, пак во среда, на 26 октомври, се игра мечот од 12. коло на Првата лига, Победа – Струга.
Утрешниот дуел Победа – Академија Пандев го суди Крумислав Ѓорѓиев од Штип, со асистентите Кристијан Џонов од Штип и Драган Трпчевски од Кавадарци.