Екипата на Прилеп со 3,5:2,5 го совлада скопски Гамбит, на дербито од 5. коло на Државното екипно првенство во шах, во Струга. Ова е второ дерби на прилепскиот тим, по завчерашното со шампионот, скопски Алкалоид, загубено со 4:2. Победата над Гамбит се должи на тоа што никој од прилепскиот состав не загуби. Ремизираа ВМ Никола Седлак, ВМ Мирослав Миљковиќ, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски и ФМ Славе Трајкоски, додека на првата табла победи ВМ Бобан Богосављевиќ. Сега, на табелата Прилеп е втор со 8 бода, веднаш под Алкалоид со 10.
На денешното 6. коло од 16 часот, Прилеп е фаворит против Фишер од Куманово.