Екипата на Бучин игра мошне необично есенва во фудбалската Трета лига – Југ. Во првите шест кола нареди шест пораза – на гости од Големо Коњари, Марена и Превалец, дома од Питу Гули, Росоман и Слога. Од клубот информираа дека тоа се должи на некомплетниот состав. По се изгледа тој проблем е решен, па од минатото коло почнаа победите. По триумфот со 5:1 врз Младост во Кривогаштани, попладнево дома со 5:2 е совладан бившиот второлигаш Локомотива од Градско. Стрелци: Сашо Талевски 14, 29, Никола Сламкоски 22, Александар Србиноски 38, Ѓорѓија Мургоски 89 – Сенад Кариманов 40, 44.
Други резултати: Вардар – Слога 3:0, Големо Коњари – Росоман 6:0, Марена – Питу Гули 1:2, Превалец – Обршани 9:0, Младост – Канатларци 3:2.
Следно 9. коло (30 октомври во 13 ч.): Канатларци – Бучин, Обршани – Младост, Питу Гули – Превалец, Росоман – Марена, Слога – Големо Коњари, Локомотива – Вардар.