Претходниот викенд прилепскиот Џудо клуб „Сеишин“ настапи во два спорта на меѓународни натпреварувања, и во двата беше успешен. Веќе известивме дека во Никшиќ, Црна Гора, на Меѓународниот турнир во џудо „Трофеј Никшиќ”, на кој учествуваа 400 џудисти од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Македонија, прилепскиот клуб освои три медала – Теодора Илиоска го зеде златото, Тамара Илиоска и Марко Ацески среброто.Во Кожани, Грција, во организација на Европската кураш конфедерација, се одржа Европско првенство во кураш ( боречка вештина сродна на џудото) за кадети-ки, јуниори-ки и сениори-ки. На ова натпреварување настапија околу 280 натпреварувачи од 16 европски држави, а Македонија се претстави со вкупно 20 натпреварувачи во трите возрасни категории при што се освоени 15 медали (4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени).Половина од репрезентативците се членови на „Сеишин“, од кои 8 се медалисти.
Кадетки:
1. Теа Настоска кат. -44 кг. 3 то место
2. Елеонора Илиоска кат. 48 кг. 3 то место
Кадети:
1. Јован Стојановски кат. -55 кг. 2 ро место
2. Михаил Димоски кат. -66 кг. 3 то место
Јуниорки:
1. Магдалена Најдоска кат. -52 кг. 1 во место
2. Кристина Мантароска кат. -63 кг. 1 во место
3. Мартина Јанкоска кат. -78 кг. 1 во место
Сениорки:
1. Теодора Димеска кат. -48 кг. 1 во место
претходна објава
следна објава