Денеска во 13 часот е мечот во Кавадарци, Тиквеш – Победа, од 13. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Времето е идеално и се очекуваат многу гледачи од Тиквешијата и од Прилепско. Таков амбиент ќе биде инспирација за добра игра и давање максимум од своите можности на фудбалерите од двата ривала.
– Веднаш од дуелот со Струга, од средата наваму, сме концентрирани на овој меч со Тиквеш. Се надеваме да биде добро – кусо изјави Бобан Бабунски, тренерот на Победа.
Главен судија е Фуркан Идризи (Тетово), помошници Мартин Петковски (Куманово) и Александар Ѓорѓески (Тетово).
ТИКВЕШ: Димовски, Наумчески, Тасев, Ивановски, Стојков, Лазаров, Карчески, Ѓурковски, Темелков, Вареловски, Барга. Тренер: Гордан Здравков.
ПОБЕДА: Тофилоски, Бошески, Хани, Стомнароски, Паноски – Дадет, М. Наумоски, Тодороски, Тодоров, Б. Спиркоски, Мазари. Тренер: Бобан Бабунски.
ДРУГИ ДВОЈКИ: Македонија ЃП – Шкупи, Струга – Брегалница, Академија Пандев – Работнички и Силекс – Шкендија.