Фудбал

ВРИЕЖ ВО КАВАДАРЦИ

Денеска во 13 часот е мечот во Кавадарци, Тиквеш – Победа, од 13. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Времето е идеално и се очекуваат многу гледачи од Тиквешијата и од Прилепско. Таков амбиент ќе биде инспирација за добра игра и давање максимум од своите можности на фудбалерите од двата ривала.

– Веднаш од дуелот со Струга, од средата наваму, сме концентрирани на овој меч со Тиквеш. Се надеваме да биде добро – кусо изјави Бобан Бабунски, тренерот на Победа.

Главен судија е Фуркан Идризи (Тетово), помошници Мартин Петковски (Куманово) и Александар Ѓорѓески (Тетово).

ТИКВЕШ: Димовски, Наумчески, Тасев, Ивановски, Стојков, Лазаров, Карчески, Ѓурковски, Темелков, Вареловски, Барга. Тренер: Гордан Здравков.

ПОБЕДА: Тофилоски, Бошески, Хани, Стомнароски, Паноски – Дадет, М. Наумоски, Тодороски, Тодоров, Б. Спиркоски, Мазари. Тренер: Бобан Бабунски.

ДРУГИ ДВОЈКИ: Македонија ЃП – Шкупи, Струга – Брегалница, Академија Пандев – Работнички и Силекс – Шкендија.

Од категоријата

СИТЕ НОВИ ДОБИЈА ПРАВО ЗА НАСТАП ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПАК МЕЧ ЗА 5000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НАПРЕВАРИТЕ СЕ ПОРАНО ПОРАДИ ПРАЗНИКОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе