100 години фудбал во Прилеп

ВО АЛБУМОТ СЛИКЧИЊА И ОД ПРИЛЕПСКИ ФУДБАЛЕРИ

Кога наближува Европско или Светско првенство, еуфоријата од ден на ден се зголемува и се е подредено на престижниот фудбалски настан.  Којзнае колку децении наназад се собираат сликчиња во албумот наменет за соодветниот мундијал. Албумите се чуваат како нешто многу вредно. И ден-денеска има луѓе што чуваат албум од Светското во Минхен 1974 година. Во седумдесеттите години од минатиот 20 век имаше албуми со сликички од екипи и фудбалери на Првата и Втората југословенска лига. Затоа, во овие албуми беа и фудбалерите на прилепска Победа. Во еден албум од сезоната 1976/77 има места за 16 слики од прилепскиот клуб. Прво е амблемот, потоа групната слика на екипата, па 14 играчи. Ги гледаме во црвено-бели дресови: Тоде Тодороски, Владо Патоски, Стеван Тоскоски, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов, Гоце Момироски, Лазар Илиев, Гоце Манески, Јове Магдески, Ристо Глигороски, Рубин Ѓорѓиоски, Пеце Трајкоски, Лазар Петрески и Иван Мечев.

Сличен албум од прволигашки и второлигашки екипи има и во шеесеттте години од минатиот век.

.

Од категоријата

СИТЕ НА НОЗЕ, МИСЛЕА ОТИ СЕ СВИРИ ХИМНАТА!

Зоран Иге

ПЕШКИ 30 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОЈ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

ТРИБИНА ЗА СТОЕЊЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе