Борење

ЕСЕНВА МИНУВА ВО ПРОГРЕС

Според вестите за настапите на Борачкиот клуб „7 Мај“ впечатокот е поволен и овој спорт го има својт прогрес под Марковите Кули. Од клубот богатиот есенскиот дел го потврдуваат со извештајот за последниот настап – Балканското првенство во Букурешт. Таму Ангела Трајкоска го оствари досега најдобриот резултат – сребрен медал во категоријата до 15 години. И Елена Дејкоска зеде медал, бронза, во групата до17 години. Тамара Цветакоска иако постигна две победи, остана на четвртото место. По ова, на „7 Мај“ му претстојат уште турнирите во Качаник и Белград

За достигнување во спортот, клубот доби плакета „3  Ноември“ од Општина Прилеп.

ЖАЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Во овие времиња на успеси клубот го загуби својот претседател Јане Тренчевски кој ненадејно  почина.  Надалеку познат во јавноста, човек со голем авторитет, го водеше клубот долги 15 години.

Моментално главен носител на активностите во клубот е секретарот Душко Стојаноски.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПЧАНИ ЗА ТРИ ДЕНА СО МЕДАЛИ ОД ДВА ТУРНИРА!

Зоран Иге

МЕДАЛИ ОД ЕДЕН КЛУБ ВО ДВА СПОРТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИТЕ ТАЛЕНТИ ВО БЕЛГРАД

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе