Екипата на Албес од Скопје вечерва го доживеа првиот есенски пораз, со 106:77 од Мега баскет во Прилеп. Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ домашните, бодрени од публиката, одиграа борбено, брзо, квалитетно, од самиот старт преземајќи го водството. Каков ќе биде исходот се насети уште по првата четвртина која заврши со 31:15. И следните два периода домашните убедливо ги добија, 26:19 и 29:18, така што на гостите им остана само можноста, колку-толку да го ублажат поразот со добивање на последната четвртина од 25:20.
Со четвртиот последователен триумф Мега баскет има 8 бода, а не е лидер на табелата само затоа што има одиграно меч помалку од Албес.
МЕГА БАСКЕТ: Митрески 20, Стевананџија 9, Јовчески 2, Здравевски 14, Давор Трајкоски 7, Крстески 10, Јаневски 11, Костоски, Настески 20, Домлевски, Дејан Трајкоски 9, Кузманоски 4. Тренер: Стефан Стевананџија.
АЛБЕС: Ѓорѓиевски 37, Ивановски 7, Салиу 1, Ингилизовски 3, Богданоски 6, Крбалески 12, Ибиши 3, Хазири 4, Јусуфи 4, Ислами. Тренер: Фитим Круези.
ТАБЕЛА: Албес 9, Мега баскет 8,Тетекс и ИБА Баскет по 6, Хераклеа, Гостивар 2 и Дибра иглс по 5, Љуботен 4, Спарта 3.
СЛЕДНО 6. КОЛО (19 ноември): ИБА баскет – Мега баскет, Тетекс – Спарта, Хераклеа – Дибра иглс, Љуботен – Гостивар 2. Албес слободен.