Фудбал

ЦРВЕН КАРТОН МУ ЈА ОЛЕСНИ ЗАДАЧАТА НА ЛИДЕРОТ!

Во 11. рунда од фудбалската Трета лига – Југ дербито се случи во Неготино, каде домашниот Вардар со 4:2 го совлада Големо Коњари. Лидерот на табелата не стигна лесно до трите бода. По водството од 1:0 со голот на Антонио Јанев во 3. минута, израмнувањето на 1:1 следеше во 33. минута преку Николче Касниоски. Пет минути подоцна беше 2:1 по заслуга на Ѓорѓи Шишков, а второто израмнување на 2:2 е во 54. минута преку Михо Андреевски. Само три минути подоцна е важен момент во натпреварот – црвен картон (втор жолт) за гостинскиот играч Владимир Бешовски. Тоа ја олесни задачата на неготинчаните. Така, во 73. минута  3:2 е со голот на Кирил Неделков, а во 83. минута конечните 4:2 ги постави Даниел Буровски.

Други резултати: Обршани – Бучин 3:0, Питу Гули – Канатларци 6:0, Росоман – Младост 2:0, Слога – Превалец 3:2, Локомотива – Марена 4:1.

СЛЕДНО 12. КОЛО: Бучин – Големо Коњари, Вардар – Марена, Локомотива – Превалец, Слога – Младост, Росоман – Канатларци, Питу Гули – Обршани.

 

Од категоријата

(фото, состави, стрелци) ДЕСЕТ ГОЛА И ТРИ ОДБРАНЕТИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

НАСКОРО КНИГАТА ЗА ЏАРО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ВИДЕО-ФОТО) ПРИЛЕПСКИ ВПЕЧАТОЦИ ОД СВЕТСКОТО ВО КАТАР

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе