Фудбал

НЕРЕШЕНО ВО ПРИЛЕП НА ДВАЈЦА ТРЕНЕРИ БИТОЛЧАНИ

Победа - Пелистер 1-1

Второлигашот Победа и прволигашот Пелистер одиграа нерешено, 1:1 на денешниот пријателски фудбалски меч во Прилеп. По неколку неискористени шанси на двете страни, првиот гол падна во 71. минута. По десната страна се проби и остро центрираше Антонио Бошески, така што топката со помош на противничките играчи се сврти накај голот, а од близина притрча Атхе Мазари за да се запише како стрелец. Десетина минути подоцна, во 81. минута, убава гостинска акција заврши со гол, по силниот удар одесно на Филип Бошковски. Двајцата тренери, битолчани, Димитар Капинковски од Победа и Марјан Секуловски од Пелистер, испробаа по две постави на натпреварот кој го гледаа околу 500 љубители на фудбалот.

За Победа следи првенствен второлигашки дуел дома со Братство, а за Пелистер прволигашки меч со Македонија ЃП во Скопје.

РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НА ТРИБИНАТА

На трибината имаше група битолчани, од кои неколку познати фудбалски ликови. Прилепските гледачи подаваа раце за да се поздрават затоа што станува збор за поранешни репрезентативци – Тони Мицевски, Митко Стојковски, Сашо Здравевски. Мицевски и Здравевски го носеа дресот и на Победа.

Од категоријата

ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ПРОТИВ ПОБЕДА!

Зоран Иге

ТРИЕСЕТ МИНУТИ ЧЕКАЊЕ ЗА ДА СЕ ПОЈАВИ ЕКИПАТА!

Зоран Иге

НАДЕЖНИ РАЗГОВОРИ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе