Стручниот штаб на прилепска Победа е засилен со Благојче Дамевски, во улога на помошник на Димитар Капинковски. Тој е доскорешен нејзин фудбалер, некогашен младински репрезентативец на левата странична позиција. Најблескави години од кариерата му се од периодот кога беше капитен на прилепскиот клуб, кога го крена пехарот на шампионската титула во 2007 година.
Дамевски играше и во Финска, а по враќањето пред две години како играч и капитен му помогна на матичниот клуб да го задржи второлигашкиот статус.