Од професионалниот спортски менаџер Александар Ѓорѓиески ја добивме следната информација, што ќе ги израдува сите што го сакаат или на било каков начин се поврзани со прилепскиот и македонскиот спорт:
– Обединетите нации официјално го потврдија членството на „ИДЕАЛ СПОРТ“ Прилеп во глобалната иницијатива Football for the Goals (FFTG), со што ИДЕАЛ СПОРТ станува првата спортска организација од Македонија која се приклучува на оваа светска мрежа. Со членството во FFTG, „ИДЕАЛ СПОРТ“ станува дел од глобална фудбалска заедница која обединува клубови, федерации и спортски организации од целиот свет, меѓу кои се и UEFA, The FA – Англиската фудбалска асоцијација, Real Federación Española de Fútbol – Шпанската фудбалска федерација, како и бројни други реномирани фудбалски институции. „Football for the Goals“ е иницијатива предводена и управувана од Обединетите нации, која ја користи моќта на фудбалот не само за подигнување на свеста за Целите за одржлив развој, туку и за поттикнување промени во однесувањето и воведување одржливи практики во фудбалската индустрија.
Ова членство претставува значајно меѓународно признание за работата на „ИДЕАЛ СПОРТ“ и за вредностите кои ги промовираме преку спортот. Нашата цел е да создадеме позитивна спортска средина во која младите ќе растат со почит, фер-плеј, дисциплина и вистински спортски дух. Веруваме дека фудбалот има огромна сила да ги поврзува луѓето, да инспирира позитивни промени и да придонесе кон создавање поздраво и подобро општество.
Од денес, „ИДЕАЛ СПОРТ“ ќе делува локално и глобално, како дел од светската мрежа која преку фудбалот создава позитивно влијание во заедницата.“.
ИДЕАЛ СПОРТ,
Александар Ѓорѓиески
АКЦИЈАТА ЗА ХУМАНОСТ Е ДЕНЕСКА – 12 МАЈ (ВТОРНИК) ОД 20 ЧАСОТ!
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков.
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. Денеска, 12.05.2026 во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!
