Викендов во Тирана се одржа првото Балканско првенство за ветерани-ки во џудо. Учество зедоа стотина џудисти од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора,Турција, Романија, Бугарија и Македонија. Селекцијата на Македонија освои осум медала: златни Маке Спиркоски М9 до-81 кг. и во старосна Опен категорија до -81кгр, Мартин Ристески М5 до+100кгр. и во апсолутна категорија до +100, сребрени селекторот Киро Здравески во старосна категорија М9 до -66кгр.и Марјан Димески М7до -100 кгр., бронзени Сашо Димовски М5до -73 и Ѓорѓи Хубрев М5 до -100 кгр . Претставник во судиската организација беше интернационалниот судија Томе Јосифоски.
Петмина од шесте репрезентстивци се членови на Сеишин од Прилеп.
КАДЕТКИ НА ЕВРОПСКИ КУП
Заврши настапот на репрезентативките Теа и Теона Настоски на Европскиот куп во Ѓер, Унгарија.
Се претставија во категоријата до 44 кг. при што Теа остана без пласман, додека Теона го освои 7. то место во силна конкуренција. Теона Настоска во четвтрфиналната борба доминираше со противничката од Романија и до пред крајот на борбата водеше во поени но истата заврши со загуба на поен-ипон и не успеа да се пласира во полуфиналето. Потоа во репесажната борба за влез за борба за 3. место влезе со полесна повреда во вратниот дел исто и демотивационо делуваше загубата од претходната борба, така што ја изгуби шансата за медал на вакво престижно натпреварување.
Селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов се задоволни од настапот со оглед на фактот дека и двете дебитираа на натпреварување од ваков ранг, каде пресудно беше искуството..