Најлуто дерби е кога се среќаваат првиот и вториот на табелата. Токму тоа е вечерва (19 ч.) кога е дуелот Мега баскет – Тетекс, од 7. коло на машката кошаркарска Трета лига Б-група. Прилепскиот тим нареди 5 победи и сака да го задржи врвот од табелата. Последна настрада ИБА баскет со 83:73 во Скопје. И Тетекс есенва е одличен, со 4 победи и само 1 пораз. Како пред две недели, пак ќе се исполни салата од ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп.
Табела: Мега баскет 10, Тетекс, ИБА баскет, Албес и Гостивар 2 по 9, Хераклеа и Дибра иглс по 8, Спарта и Љуботен по 5.
претходна објава
следна објава