За важноста на мечот Мега баскет – Маџари в недела (17 часот) во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп доволно говори тоа што се избрани искусни, квалитетни судии. Кошарксрската федерација на Македонија арбитражата им ја довери на Алија Феревски , Александар Ѓорески и Блаже Лазов, а делегат е Драги Бошков. За Феревски се знае дека беше одреден да го суди финалето од БИБЛ-лигата.
Ова е прв полуфинален меч од плеј-офот на Третата кошаркарска лига. Поуспешниот (тимот со две победи) станува второлигаш.