Кошарка

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА ВТОРА ЛИГА, УШТЕ ДА УПЛАТАТ 1000 ЕВРА

Прилеп во претстојнава сезона пак ќе има кошаркарска сениорска екипа во Втората лига на Македонија, тоа е Мега баскет.  Клубот благовремено ја пријави екипата, по што треба да ја уплати сумата за котизација. Таа за оваа сезона е 1000 евра, на две еднакви рати. Засега не се знае кои други екипи ќе учествуваат во таа лига, затоа што пласманот од претходната сезона не е единствениот критериум. Зависи од тоа кои клубови се заинтересирани да бидат во лигата, според својата финансиска состојба. Што се однесува до подготовките, Мега баскет првиот собир ќе го има в среда на игралиштето пред ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“. Тренинзи на отворено ќе има до 1 септември, кога се влегува во салата од ОУ „Добре Јованоски“. Екипата ја напуштија младите Стефан Јанески (МЗТ Скопје) и Иван Кузманоски (САД), додека шест месеци поради лекување повреда отсутен ќе биде Миле Станимировиќ.

Покрај сениорска, прилепскиот клуб пријави и младинска екипа до 16 години.

Од категоријата

ПОТРЕБА ОД СТОЛЧИЊА ЗАД КОШОВИТЕ!

Зоран Иге

ЕДЕН КЛУБ ОД ПРИЛЕП – ДВА ТИМА – ПЕТ ПОДДРЖУВАЧИ!

Зоран Иге

ПОБЕДИЈА 12 ПАТИ, ИМ СЕ СМЕТААТ 11!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе