Фудбал

(ФОТО+СТАТИСТИКА) ЕДЕН ГОЛ ЌЕ РЕШЕШЕ, АМА И ТОЈ НЕ СЕ ПОСТИГНА!

Победа и Скопје одиграа нерешено со најнепопуларниот резултат 0:0, во 17. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред околу 500 гледачи, од статистички агол најзначајните податоци се нули. Пред се, голови на домаќинот – нула, голови на гостинот – нула, стонастотни шанси на домаќинот – нула, стонастотни шанси на гостинот – нула. Во тврд натпревар, впечаток е дека ако се постигнеше само еден гол, тој ќе го одлучеше победникот, но и тој не се постигна.

За играч на мечот може да биде прогласен домашниот голман Дарко Тофилоски, кој во првото полувреме одбрани три-четири опасни удари и така ја спаси својата мрежа. Во второто полувреме во три акции, иако домашните не упатија удари, беа многу блиску до постигнување гол. Тоа се случи при проигрување во празно на Бојан Спиркоски двапати и Атхе Мазари. Двајцата двапати ќе излезеа сами пред голманот, но им побегна топката на лизгавиот терен, а третиот пат ударот отскосо на Спиркоски беше изблокиран. Така, резултатот 0:0 е нејреален.

ПОБЕДА (4-4-2): Тофилоски  – Џејмс (60. М. Наумоски), Ѓурковиќ, Стомнароски, Делов – Дадет, Рамани (60. Тодороски), Тодоров (60. Петејчук), Галевски (46. Бошески) – Б. Спиркоски, Мазари. Тренер: Бобан Бабунски.

СКОПЈЕ (4-4-2): Митев – Димов, Мециновиќ, Најдоски, Чурлинов – Мусинга, Калпачки, Игнатов (71. Ајрулаху), Божиноски – Настевски (86. Коне), Хајдари (71. Георгиевски). Тренер: Славчо Георгиевски.

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Победа – Скопје 0:0, Шкупи – Брегалница 3:1, Македонија ЃП – Шкендија 1:3, Тиквеш – Силекс 0:2, Струга – Академија Пандев 1:0.

СЛЕДНО 18. КОЛО, ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО (11 декември во 13 ч.): Брегалница – Победа, Скопје – Струга, Академија Пандев – Тиквеш, Силекс – Македонија ЃП, Работнички – Шкупи.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА Ф И Н А Л Е !

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НОВ ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ВАЛЕНСИЈА 1982 – ПРИЛЕП 2023

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе