Ракомет

ГОСТИТЕ ДВАПАТИ НАДМОЌНИ

Двата ракометни натпревара во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“  им припаднаа на гостите. Прво екипата Прилеп со 25:33 загуби од скопски Бутел во 13. коло од А-групата на машката Супер лига на Македонија. Резултатот можеше да биде многу поинаков, со оглед на водството на младиот прилепски состав од 18:16 во вториот дел. На полувреме беше 13:13. За Прилеп на ред е мечот од Купот дома со прволигашот Металург, а дури на 18 декември е првенствениот дуел во Куманово.

Во истата сала вечерва беше дуелот Деспина – Стружанка од 10. рунда на женската Супер лига. Прилепскиот тим добро почна, а добро се држеше во првото плувреме кога резултатот беше само 6:9 за стружанките. Сепак, на крајот убедлив триумф од 26:16 за Стружанка. Во следното коло, Деспина е фаворит со Кузман Вардар во Скопје.

Од категоријата

ШАНСА ДА ПОБЕДАТ, ПО СЕДУМ-ОСУМ НЕУСПЕСИ!

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ СЕ ИГРА ВО УНИВЕРЗАЛНА?

Зоран Иге

МНОГУ БОРБА ЗА – РЕМИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе