Публиката во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп ужива гледајќи ги дуелите од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Настапуваат не само рекреативци и аматери, туку и професионалци, од прволигашките клубови. Ова е еден од најквалитетните турнири. Така, вечерва гледачите ќе можат да видат неколку екипи од професионалци. Веќе на првиот меч настапува Скара на кило Кусио, за која се најавени Давор Талески (Шкендија), Дарко Илиески (Струга), Марио Наумоски (Победа), Дарко Анѓелески, Марјан Ристовски (Силекс), Ристе Каракамишев (Албанија), Пепи Ѓорѓиев (Шкупи)… Противник им е екипата со звучно име Микросам.
Вечерва од 18 часот на програмата се 6 меча.