Пинг-понг

БРОНЗЕН МЕДАЛ ОД ПОДГОРИЦА

Во Подгорица, Црна Гора се одржа Меѓународен пингпонгарски турнир за лица со инвалидност. Во категоријата 8 беа над 40 учесници од цел Балкан, меѓу кои и прилепчанецот Рубинчо Ристески, репрезентативец на Македонија. Прво беше успешен во групната фаза, потоа и во четвртфиналето, со противници од Црна Гора, Србија, Хрватска… На крајот го освои бронзениот медал, што не е изненадување ако се има предвид дека на сите досегашни учества таму земаше медал. Всушност, тој е првиот победник на турнирот во 2017 година.

Ристески е најистакнатиот член на клубот Прилеп, лидер во Втората лига на Македонија.

Од категоријата

ДАЛИ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ДОДЕЛИ ПЕХАРОТ?

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ВТОРПАТ ВО ЕВРОПА?

Зоран Иге

ЕДЕН ПРИЛЕПСКИ ТИМ ОДИ ВО ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе