Пинг-понг

КОЈ ЌЕ ГО ЗЕМЕ ГОЛЕМИОТ ПЕХАР?

Денеска од 12 часот во салата од ООУ„Добре Јованоски“ во Прилеп почнува финалето од плеј-офот на пингпонгарската Супер лига, за добивање екипен шампион на Македонија. Се среќаваат најдобрите од основниот дел и од полуфиналето, Младост 96 (Прилеп) и Телеком нец 2 (Скопје). Шампион ќе биде тимот кој ќе стигне до два добиени меча. Првиот денеска е во Прилеп, вториот утре во Скопје, евентуалниот трет, “мајсторката” на 10 јуни во Прилеп.

За Младост 96 настапуваат Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Петар Костовски, Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски, неизвесен е Раиф Рустемовски, а отсутен Александар Рикалоски. За Телеком нец 2 се очекува да играат Србинот Милош Миленковиќ, Роберт Михајловски, Димитрие Жоговски и Горан Тиловски.

Претстои голема борба, со оглед на тоа што во основниот дел од првенството двата ривала победија по еднаш на меѓусебните дуели – Телеком нец 2 со 4:1, Младост 96 со 4:2.

 

Од категоријата

ЗАСИЛУВАЊЕ ОД АМЕРИКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО ИЗМЕНЕТ СОСТАВ!

Зоран Иге

МАЈСТОРИ И СО ТОПКА И СО ТОПЧЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе