Во Крива Паланка се одржаа натпреварите од „Телеком мастерс 2026“ за јуниори до 19 години. Интересна е категоријата за машки натпреварувачи, каде Прилеп одлично го претстави Мартин Ристески (ППК Полиоспорт). Иако има само 15 години, против себе ривали дури 4 години постари, стигна до високото 3. место. Во оваа категорија победник е Александар Јакимовски (ППК Крива Паланка), втор Лука Стојчев (ППК Астраион, Струмица), трет Мартин Ристески (ППК Полиоспорт, Прилеп), четврт Дарко Китановски (ППК Пелагонија, Битола).
Новата сезона само што започна, борба претстои за високи пласмани.