Вчера, 8 март, во Ниш, Србија се одржа меѓународниот џудо турнир „Трофејот на Ниш“, во организација на ЏК Академија Ивезиќ од Ниш. На турнирот настапиле и 5 џудисти од ЏК Сеишин од Прилеп, меѓу вкупно 472 натпреварувачи од 63 клуба, бројки што самите по себе говорат за многу силна и квалитетна конкуренција. Од прилепскиот клуб информираат за освоени 2 бронзени медала преку пласмани на трети места- од Дила Пупаловиќ и Теодора Илиоска.
Според стручните лица – тренерите, останатите натпреварувачи Марко Марковски, Тамара Илиоска и Матеја Николоска, иако не успеале да изборат место на пиедесталот, покажале одлични борби и достојно го претставиле клубот.
