Во неделата заврши есенскиот дел од фудбалската Прва лига на Македонија, но со тоа не завршуваат новостите поврзани со клубовите. Во врска со прилепска Победа која го освои посакуваното 9. место на табелата, се уште е отворено прашањето со Бобан Бабунски. Тој не го водеше тимот на последното гостување во Штип, но покажа расположение да остане и натаму тренер доколку има консолидација и ако има договор. Во очекување е на средба со луѓето од клубот.
– Тие се на потег, да се јават. Доколку сакаат да продолжиме – е кусата порака на Бабунски.
Подготовките би требало да почнат по православниот Божик.