Попладнево стартува програмата од седум натпревара од традиоционалниот десетти по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Почетокот на сениорскиот дел е порано од вообичаениот термин, од 13,30 часот и ќе има дуели до околу 21 часот. Така е поради празникот Свети Никола, слава на голем број прилепски фамилии.
Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ се мечевите: Зона премиер – Пролетер, Зона премиер – Ана Марија фуд, Теа Андреа – Микросам, Скара на кило Кусио – Тим Јосифов, Афикс пласт – Комфи ангел, Афикс пласт – Пекара Џулијано, Црна Река – Ресторан Бабино Ланч бар база.