Фудбал

ВЕЧЕРВА ПОБЕДНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ ДО КРАЈОТ!

Четвртфиналните борби се вечерва на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Пред преполната трибина во салата на ОУ „Добре Јованоски“ за влез во полуфиналето и останување до крајот на турнирот ќе се одвиваат следните мечеви: Скара на кило „Кусио“ (Прилеп) – Зона премиер (Скопје), Виталија Ветаџока (Прилеп/Скопје) – Влав шпед (Крушево), Гостилница „Кај Мече“ (Скопје) – Рустика кетеринг (Прилеп), Гостилница „Кај Џек“ (Охрид) – Андринико (Скопје). Овие дуели се меѓу 19 и 23 часот. Претходно, од 18 часот е полуфиналето за пионери 2010, а има уште и ревијален натпревар за генерација 2015.

РЕЗУЛТАТИ ОСМИНАФИНАЛЕ СИНОЌА: Црна Река – Андринико 1:2, Рустика кетеринг – Сендвичара Грижо Ла страда Бучин 3:2, Гостилница „Кај Мече“ – АСП Пак 0:0 (3:2 на пенали), Гостилница „Кај Џек“ – Кафе „Лули“ 5:2. РЕЗУЛТАТИ ОД СРЕДАТА: Скара на кило Кусио – Трисоро 6:1, Зона премиер – Афикс пласт 1:1 (3:1 на пенали), Виталија Ветаџока – Теа Андреа 2:0, Влав шпед – Ана Марија фуд 1:0.

Од категоријата

(ВИДЕО) ПОБЕДА СО НАДЕЖЕН РЕЗУЛТАТ ОД С. ИРСКА

Зоран Иге

ПОФАЛБА ОД ФЕНЕРБАХЧЕ ЗА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДОАЃААТ НА ПРОБА, КОЈ ЌЕ И ПРИСТАПИ НА ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе