Џудот-клубот „Сеишин“ ја одржа традиционалната предновогодишна средба, на која беа прогласени најистакнатите поединци за 2022 година. Исто така, интересно е што на иницијатива и со помош на член на управата, клубот доби и нова клупска канцеларија. Во неа не само на раководството на клубот, туку и на членовите им е овозможено да одржуваат средби поврзани со џудо-спортот.
Клубот Сеишин е еден од најактивните, преку учество во земјава и странство, а и со организација на турнири и првенства во Прилеп.
.