Веќе има нагаѓања околу тоа кој ќе ја води Победа во пролетната етапа од фудбалската Прва лига на Македонија. Иако досега нема објавено ништо службено околу досегашниот стратег Бобан Бабунски, а и тој нема никаква официјална изјава дека се разделил со прилепскиот клуб, медиумите брзаат да го решат прашањето. Но, повторно без никаква изјава што би била поткрепа на тврдењето или претпоставката. Значи, деновите што се пред нас би требало да го донесат пред јавноста името на тренерот што ќе ја води Победа. Исто така, бргу се очекува и датумот за старт на подготовките.
Што се однесува до играчкиот кадар, новите играчи можат да се приклучуваат во преодниот рок меѓу 15 јануари 11 февруари 2023.