Денеска е денот одреден од Фудбалската федерација на Македонија за почеток на зимскиот преоден рок за тренерите и фудбалерите. Важен е за тие што сакаат да ги продолжат договорите за останување во клубот или пак за преселба во нова средина. Од секој клуб се очекуваат новости, така и од прилепска Победа. Од денеска натаму ќе биде се појасно кои од фудбалерите (вкупно 34) што настапија на првенствените и куп-натпреварите есеноска, ќе останат, колкумина ќе заминат, а исто така кои ќе бидат новите на располагање на Стручниот штаб предводен од Благојче Дамевски.
Преодниот рок трае до 11 февруари.