Ракомет

ПОМАГА ЗА ОПСТАНОК И НА 41 ГОДИНА!

Вечерва се одржа првиот состанок и тренинг на ракометарите од Прилеп, членот на машката Супер лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ поради оправдано отсуство на шефот на Стручниот штаб Реваз Чантурија, тренингот го водеше асистентот Рубин Лашкоски.

– Играчкиот кадар е истиот од есеноска, со исклучок на пивотот Пеце Ѓорѓиески кој замина за Германија. Добро е што, иако отсутен денеска, останува во тимов бекот Давор Шокоски. Битно е и тоа што во борбата за опстанок ќе помогне и тренерот-играч Чантурија и покрај возраста од 41 година. Можни се и нови играчи, но треба да причекаме за да се види колкава е моќта на клубот – изјави тренерот Рубин Лашкоски.

До 12 февруари во план се по два тренинга дневно, покрај неколку пријателски натпревара.

Од категоријата

ИСТО КАКО ПРЕД 20 ГОДИНИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ТРИ ТЕСТА ВО ПРЕСРЕТ НА ПЛЕЈ-АУТОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМ СО ТРЕНЕР ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе