Почна пролетниот дел од ракометното суперлигашко првенство, од машкиот плеј-аут на Супер лигата. Екипата на Прилеп со убедливи 35:26 го совлада Радовиш. Домашните првата битка за опстанок ја добија со одлична игра, особено во првото полувреме кога поведоа со 18:12. Вториот дел гостите правеа напори да се доближат, но разликата се зголеми во полза на тимот што го водат тренерите Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски. На табелата сега Прилеп е прв со 5 бода, исто колку и Скопје. Други резултати: Вардар Н. – Голден арт 25:23, Јуниор КВ – Куманово 20:21, Скопје – Струга 38:32. ТАБЕЛА: Прилеп и Скопје по 5, Куманово 4, Вардар Н., Голден арт и Струга по 3, Радовиш 1, Јуниор КВ 0.
Во следното коло е дербито Скопје – Прилеп.