Фудбал

ПРОЧУЕНИОТ ТРЕНЕР ПОГРЕБАН СО ХАРМОНИКА!

Предмалку на гробиштата Мирогој во Загреб е погребан прочуениот фудбалски тренер, селектор на бронзената Хрватска, Мирослав Чиро Блажевиќ. Многуброен народ присуствуваше на разделбата со него. При спуштањето на ковчегот во гробот, се испеа француска шансона, во придружба на музика од хармоника.

Блажевиќ низ кариерата гостуваше на многу места, меѓу нив и во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Тоа се случи на 7 март 1983 година, кога Победа на пријателски меч се сретна со југословенскиот шампион Динамо, чиј тренер беше Блажевиќ. Блажевиќ се согласил на гостување во Прилеп во понеделник, иако претходниот ден, во неделата имал тешко гостување на Вардар во Скопје. Заслугата е на прилепчанецот Славчо Башески, голем навивач на Динамо и на Победа.

Од категоријата

ПОБЕДА: ВЧЕРА ГОСТИВАР, В НЕДЕЛА ПАК – ГОСТИВАР!

Зоран Иге

КЛУБ КОЈ ОТПАДНА ОД ВТОРА, ГО НЕМА ВО ТРЕТА ЛИГА!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ДРУШТВО НА ШКЕНДИЈА, РАБОТНИЧКИ И МАКЕДОНИЈА ЃП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе