В недела во Прилеп (СОУ „Орде Чопела“) е големиот брзопотезен шаховски меморијален турнир „Прилеп опен – МАТ“ за кој пријавувањето завршува денеска. Интересна во насловот е скратеницата МАТ. Таа е добиена од почетните букви на имињата од тројца починати великани на прилепскиот шах: Митре Џајковски, Александар Тодороски и Тане Дулев. Организатори на турнирот се два клуба, Прилеп и Пелагон кои обезбедија привлечен паричен награден фонд.
Претходно се одржа „Прилеп гран-при“ на кој победи ИМ Тони Кироски.