Претходниот викенд членови на Џудо-клубот Сеишин од Прилеп учествуваа во различни активности. Имено 4 членa од возрасната категорија јуниорки и јуниори на повик на селекторот учествуваа на викенд тренинг-камп во Ресен. Дел од стручните лица, тренери и судии од клубот зедоа учество на вториот стручен семинар за едукација и лиценцирање. Со ова клубот Сеишин доби нови двајца тренери и двајца судии кои се здобија со лиценци за работа во 2023 година. Семинарот се одржа во Прилеп во техничка организација токму на Сеишин.
Претстојнава сабота започнува и новата натпреварувачка сезона, со државните првенства за кадети и помлади пионери.