Во Прилеп (СОУ „Орде Чопела“) беше големиот брзопотезен шаховски меморијален турнир „Прилеп опен – МАТ“, во чест на тројца починати великани на прилепскиот шах – Митре Џајковски, Александар Тодороски и Тане Дулев. Учествуваа дури 120 шахисти од цела Македонија. По 9 одиграни кола по Швајцарски систем, победи 18-годишниот фидемајстор Емил Ристески, кој освои 7,5 поена, исто колку и конкурентите Филип Михов (бившиот државен првак), Миле Трајковски и Стојан Велкоски. Петтиот Георги Петров има 7 поена, колку шестиот Дејан Ѓорѓиески и седмиот Константин Лушески. Првакот доби награда од 7000 денари, вториот 5000, третиот 4000, четвртиот 3000, петтиот 2000 денари. За најдобриот прилепски шахист, Дејан Ѓорѓиески е наградата од 1500 денари.
Турнирот кој е пријавен во ФИДЕ, успешно го организираа прилепските клубови Прилеп и Пелагон.