Фудбал

„ДЕТЕ“ НА ПОБЕДА Е СТУДЕНТ И ФУДБАЛЕР ВО ЉУБЉАНА

Минатото првенство младинската екипа на Победа стана шампион на Македонија, а еден од најистакнатите во неа беше Христијан Јосифоски. Сега, седум-осум месеца подоцна, тој е во Љубљана, каде е студент и фудбалер. Студира на Машинскиот факултет, а член е на клубот Слован, словенечки третолигаш. Го одбрал поради близината на местото на живеење и рангот кој овозможува побрза адаптација во нова средина, притоа со максимална посветеност кон студиите. Зимава покрај тренинзи, одигра и пријателски натпревари, а првенството стартува во почетокот од март.

Еве како известија словенечките медиуми:

„Христијан Јосифоски има 20 години и игра во средниот ред. Доаѓа од Прилеп, Македонија. Беше член на клубот Победа, во минатото двократен македонски шампион. Има настапи за младинската репрезентација на Македонија.“

Младинската екипа на Победа е златна генерација на различни страни, така што неколкумина од нив останаа во матичниот, други заминаа во различни клубови, како Христијан Поп-Антоски во Македонија ЃП и Филип Тодороски во Работнички.

 

 

 

Од категоријата

ДВАНАЕСЕТ ИГРАЧИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ!

Зоран Иге

ЖДРЕПКАТА Е В САБОТА

Зоран Иге

(резултати, стрелци) САМ ДАДЕ ШЕСТ ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе