70 години ракомет во Прилеп

ЛИСТИ НА НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ И РАКОМЕТАРИ НА ПРИЛЕП!

Некогаш беше традиција на разни избори на спортисти на Прилеп. Се избираа спортисти од страна на медиуми, како од весникот „Народен глас“, од Центарот за печат и радио, од Радио Соник, од компанијата Тутунски комбинат, а за главен избор се сметаше тој од СИЗ за физичка култура.

Во книгата „Монографија на прилепскиот ракомет и на РК Тутунски комбинат“ од новинарот Миле Талески, има ранг-листи на најдобрите ракометарки и ракометари на Тутунски комбинат. Првите рангирања во книгата се однесуваат на периодот  меѓу 1972 и 1995 година. Списокот 10 најдобри ракометарки е следниот: Вера Стојаноска, Снежана Наумоска, Гордана Цветаноска, Сузана Ангелеска, Вера Мојсоска, Весна Ангелеска, Елизабета Атанасоска, Силвана Карбеска, Виолета Јованоска, Татјана Лозаноска. Списокот 10 најдобри ракометари е: Димитар Богданоски, Стеван Николоски, Орде Илиески, Тошко Арапчески, Бранко Арсоски, Пеце Велјаноски, Влатко Коруноски, Миле Нешкоски, Петар Кузманоски, Гоце Бозароски.

Изборот е врз основа на рангирањата од весникот „Тутунски лист“ кој почнува да излегува од 1972 година.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ТИМ ВО БАЛКАНСКАТА ЛИГА

Зоран Иге

ВО РАКОМЕТ ПРИМИЈА САМО 7 ГОЛА И ПАК – ЗАГУБИЈА!

Зоран Иге

РАКОМЕТ НА ПОРОЕН ДОЖД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе