Претстои 4. рунда од плеј-аутот на ракометната машка Супер лига на Македонија. Во таа рамка е дуелот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ помеѓу Прилеп и Вардар од Неготино. Ова е трет меч сезонава на овие ривали. Претходно, во основниот дел на лигата, Прилеп двапати победи, дома со 22:18, во Неготино со 29:28. Меѓутоа, пред денешнава пресметка треба да се има предвид дека Вардар ја има подобрено играта, исто и резултатите. Така, во плеј-аутот веќе собра 7 бода.
Денешниот дуел, кој е во 15 часот, го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, делегат е Славчо Каланоски од Струга. На табелата води Куманово со 10 бода, пред Прилеп и Скопје со по 8, Вардар Н. со 7, Голден арт 6, Јуниор КВ и Струга по 3, Радовиш 2.