Иако Силекс беше подобар ривал од Победа денеска во Прилеп, иако резултатот е висок, 4:1 во негова полза, еден момент е битен и му го олесни патот до целта. Се случи во 70. минута, при нерешен резултат 1:1. Во напад оддесно осамен беше Србинот Александар Катаниќ, кој ја упати топката пред домашниот шеснаесетник, каде удри во Филип Стомнароски. До него беа уште двајца негови соиграчи на Победа, а ниту еден од Силекс. Ова го потенцираме оти е важно да се знае дека немаше никаква опасна акција, никаква можност за проигрување, асистенција, затоа што другите играчи на Силекс од топката беа оддалечени околу 20 метра. И да беше удар во раката, беше без намера. Капак на се е фактот што при ударот на топката, Стомнароски беше надвор од шеснаесетникот. Дека немаше никаков пенал, потврда е однесувањето на играчите од двата тима, кои продолжија со играта и делуваа изненадено кога судијата Александар Грујоски од Кичево досуди пенал. Следеше реализација на Катаниќ за 2:1, кој за хет-трик додаде уште два гола во 73. и 80. минута.
Претходно беа постигнати два гола, по еден на двете страни. Гостите поведоа преку Србинот Стефан Милосављевиќ во 10. минута, а израмни тукушто влезениот Србин Василије Делибашиќ во 65. минута. Така, стрелците на сите пет гола се од Србија, за конечни 4:1 за Силекс.
ПОБЕДА (4-4-2): Котевски – Јованов, Стомнароски, Кофиловски, Хани (80. Чајани) – Ј. Наумоски (71. Дујовски), Дадет (46. Алиу), Аризанкоски, Ферати (63. Делибашиќ) – Трајкоски, Кудијан (80. Адили). Тренер: Благојче Дамевски.
СИЛЕКС: (4-4-2): Божиновски – Ристески, Љамалари, Николиќ, Маневски – Анѓелески (61. Алији), Рамани (46. Стојчевски), Турчин, Милосављевиќ (79. Рајков) – Манасиевски (61. Георгиевски) , Ѓорѓиевски (46. Катаниќ). Тренер: Горазд Михајлов.
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО, ВЧЕРА: Работнички – Скопје 4:0, Шкупи – Академија Пандев 3:3. ДЕНЕСКА: Победа – Силекс 1:4, Брегалница – Шкендија 0:0, Македонија ЃП – Тиквеш 3:0.
ТАБЕЛА: Струга 39, Шкупи 38, Шкендија и Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП и Работнички 24, Академија Пандев 16. Победа и Скопје 13.
ИДНО КОЛО (среда, 8 март во 14 ч.): Академија Пандев – Победа, Скопје – Македонија ЃП, Струга – Шкупи, Силекс – Брегалница, Шкендија – Работнички.
ВИДЕО: