Кошарка

ТРИ НЕДЕЛИ ОДМОР ОТИ РИВАЛОТ Е ИСКЛУЧЕН!

Екипата Мега баскет последниот меч во кошаркарската Трета лига Б-група го имаше на 25 февруари, кога во 12. рунда дома со 71:66 ја совлада скопската Спарта. Следниот викенд беше слободен за прилепчаните поради непарниот број екипи, а за утре требаше да има меч со Албес во Скопје. Но и овој натпревар отпаѓа, бидејќи стигна информација дека Албес е исклучен, одлука како последица на непримерно однесување на два претходни меча. Така, Мега баскет службено победува и има три недели одмор до 18 март, кога дома ќе игра со скопски ИБА баскет.

Потсетуваме дека лани Мега баскет беше исклучен, а за таа одлука се сметаше дека придонес има токму скопски Албес.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ПРВИОТ ПРОТИВ ВТОРИОТ!

Зоран Иге

РАМНО ДВАЕСЕТ РАЗЛИКА ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ОВА РЕТКО СЕ СЛУЧУВА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе