По долги 84 дена пауза, денеска продолжува првенството во женската Супер лига. Во плеј-аутот прилепска Деспина е гостин на Скопје. По толкава пауза, во која се вршат промени во играчкиот кадар, не може да се дадат никакви прогнози. На табелата од оваа група води Шампион со 15 бода, пред Скопје со 10, Астибо, Деспина и Гевгелија по 9, Спартак 1 и Кузман Вардар без бод.
Денеска се играат сите мечеви: Шампион – Астибо (13 ч.), Гевгелија – Кузман Вардар (14 ч.), Скопје – Деспина (17,30 ч.)