Кога попладнево успеа да победи, неготински Вардар тешко дека некој ќе го спречи некаде да не победи. Лидерот на табелата од Третата лига – Југ гостуваше во Велес, каде со минимални 1:0 го совлада домашниот Превалец. Стрелец на единствениот гол е Ѓорѓи Шишков.
РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО: Питу Гули – Бучин 6:0, Обршани – Росоман 0:2, Младост – Локомотива 1:2, Превалец – Вардар 0:1, Марена – Големо Коњари 3:1.
ТАБЕЛА: Вардар 39, Питу Гули 34, Превалец и Големо Коњари 25, Слога и Росоман 20, Марена 15, Локомотива 14, Бучин 12, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.
ИДНО 14. КОЛО (19 март во 15 ч.): Бучин – Марена, Големо Коњари – Превалец, Вардар – Младост, Слога – Обршани, Росоман – Питу Гули.