Стефан Христоски, голман кој има само 20 години, потпиша за белградскиот Партизан, член на ракометната Супер лига на Србија. Право на настап има од утре (17,30 ч.), кога на програмата е вечното дерби Црвена звезда – Партизан. Звезда е на петтото, Партизан на третото место од табелата. Конкуренцијата за голманското место во Партизан е силна, покрај досегашните Андреја Трнавац и Иван Михајлов.
Христоски претходните сезони се покажа како голман на Прилеп и Охрид, а потекнува од школата Макалоски.