Фудбал

ДАЛИ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ИЗРАДУВА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА?

Попладнево (15 часот) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е дуелот Победа – Силекс од 24. рунда на Првата фудбалска лига на Македонија. Ова е трет дуел на овие ривали. Есеноска Победа со 3:0 победи во Кратово, а пред две недели во Прилеп победи Силекс со 4:1, па билансот е израмнет, дури и во головите, 4:4. Формата е на страната на гостите, па ќе видиме дали ќе можат да ја оправдаат улогата на фаворити. Во нивните редови се бившите „победаши“ Андреј Петкоски, Дарко Анѓелески и Хамза Рамани. Од друга страна, во прилепскиот клуб постојано потенцираат дека предавање нема се додека има шанси за опстанокот, па се очекува голема борба и давање максимум. Судија на овој меч е Ндерим Тефику (Куманово), помошници Мартин Петковски (Куманово) и Филип Ицковски (Скопје).

ПОБЕДА: Котевски, Хани, Стомнароски, Паноски, Алиу, Кудијан, Дадет, Јованов, Аризанкоски, Наумоски, Дујовски. Тренер: Благојче Дамевски.

СИЛЕКС: Божиновски, Љамалари, Милосављевиќ, Катаниќ, Ристовски, Серафимовски, Стојчевски, Ристески, Рамани, Ефтимов, Николиќ. Тренер: Горазд Михајлов.

САБОТА: Победа – Силекс, Тиквеш – Македонија ЃП,  Академија Пандев – Шкупи, Работнички – Струга. НЕДЕЛА: Скопје – Шкендија. 

ТАБЕЛА: Струга 43, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.

 

 

Од категоријата

ГАНЕЦ ТРЕНИРА НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

БАРЕМ ЧЕСНА БОРБА ДО КРАЈОТ

Зоран Иге

ДЕСПИНА СЕ ПРИБЛИЖИ ДО ВОДЕЧКАТА ЧЕТВОРКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе